Колку реално чини изработка на веб страна во Македонија?
Веројатно сте слушнале разни цени, и некои делувале ефтино а некои скапо, еве зошто...
Правиме најсовремени веб страни за адвокати во Македонија кои градат доверба кај новите клиенти, добро рангираат на Гугл и брзо посетителите стануваат клиенти.
Кога на некој му треба адвокат, пребарува на Google. Ако вашиот сајт е застарен или бавен, потенцијалните клиенти веднаш одат кај конкуренцијата. Во индустрија каде довербата е сè, вашата веб страна е клучниот фактор помеѓу повик од клиент или изгубен случај.
Адвокатските сајтови не се обични бизнис презентации. Тие мора да проектираат компетентност и сигурност уште од првата секунда. Генерички темплејти и евтини слики тука не поминуваат.
Во Devora, градиме Webflow решенија наменски за правниот сектор, каде секој елемент е оптимизиран да ги претвори посетителите во реални клиенти.
Нашиот фокус е на конверзии и дизајн што остава впечаток. Погледни дел од нашата работа
Веб страница за број 1 подни услуги во Македонија
Сметководители базирани во Македонија кои работат со други земји
Веб сајт и систем за поставување нови недвижности
Не само веб страна, целосен дигитален пакет прилагоден специфично за адвокатски канцеларии.
Првиот впечаток е пресуден за секоја адвокатска канцеларија. Правиме чист веб дизајн кој веднаш ве позиционира како сериозен авторитет пред потенцијалните клиенти.
Вашите правни услуги ги делиме по области за Google попрецизно да ве рангира. Ова помага да бидете прв избор кога некој бара адвокат во Скопје за конкретен проблем.
Ги поставуваме телефонот и формата за побарај понуда на најочигледните места. Целта е посетителот со еден клик да стане ваш нов клиент.
Користиме Webflow технологија за максимална брзина на секој телефон. Брзиот сајт е клучен фактор за Google да ве рангира пред останатите веб страни во Македонија.
Тоа се термините што вашите потенцијални клиенти ги пишуваат на Google кога се во итна мака. Нашата работа не е само да ве рангираме за вашето име, туку за фрази како "адвокат за развод" или "имотни спорови".
Наместо да таргетираме секакви посетители, ние таргетираме специфични пребарувања со висока намера за купување. Тоа значи дека ве поврзуваме со луѓе кои веќе бараат правна помош и се подготвени да закажат повик веднаш, а не само да се јавуваат телефонски.
Клучните зборови со помал волумен (Long-tail), како на пример "адвокат за наследство Скопје", често се многу повредни од општите термини. Конкуренцијата тука е помала, а намерата на клиентот е многу појасна. Кога ќе ве најдат преку ваков прецизен термин, шансата да станат ваш клиент е двојно поголема.
Наместо само дизајн, градиме технички супериорни решенија кои ја зголемуваат вашата видливост на Google и ја олеснуваат комуникацијата со клиентите.
Клиентите ве проценуваат според тоа како изгледате на интернет. Правиме прегледен и сериозен сајт кој веднаш му кажува на клиентот дека сте вистинскиот избор за неговиот случај.
Луѓето бараат адвокат во брзање, најчесто од мобилен. Гарантираме сајт кој се вчитава инстантно, за да не го изгубите клиентот само затоа што страната му „заглавила“.
Ве позиционираме на првата страна на Google за клучните зборови што вашите клиенти ги пребаруваат. Целта е вашата канцеларија да биде првото нешто што ќе го видат кога им треба правна помош.
Добивате систем кој е едноставен за користење. Можете сами да менувате текстови, да додавате нови услуги или новости без да чекате со денови и да плаќате дополнително за секоја ситна измена.
Совети, идеи и корисни информации за web страни, подобар впечаток за бизниси во Македонија.
Веројатно сте слушнале разни цени, и некои делувале ефтино а некои скапо, еве зошто...
Познато е дека секоја фирма треба да има вебсајт, но зошто е тоа? Дознајте овде...
Овој проблем го имаат многу адвокати, еве зошто...
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
Нашите пакети за адвокатски веб страни започнуваат од 250 EUR (Foundation) до 1.490 EUR (Dominance, со SEO кампања). По бесплатна консултација добивате детална понуда според вашите конкретни потреби, без скриени трошоци. И доколку сакате може да добиете еден бесплатен дизајн, без никакви договори или врзувања.
Во просек, изработката трае од 3 до 14 дена, но тоа зависи од големината на страната и брзината на комуникацијата. Ако се работи за посложен проект или ако се вклучени повеќе фази (како копирајтинг, SEO истражување, интеграции), може да потрае и малку повеќе. Секогаш те известуваме за прогресот.
Да, секој проект вклучува основна SEO оптимизација за адвокати. Таргетираме специфични клучни зборови и локални пребарувања (Local SEO) за вашата канцеларија да биде видлива кога клиентите бараат правна помош во нивната близина.
Webflow нуди супериорна брзина, чист код и максимална безбедност (SSL), што е клучно за довербата на клиентите. Исто така, овозможува лесно ажурирање на содржината без потреба од постојан ангажман на програмери.
Не мора да се грижиш за тоа. Ќе ти помогнеме да регистрираш домен по твој избор (на пример .mk или .com), и ќе поставиме хостинг кој е брз, сигурен и достапен. Дури и не мораш ништо сам да правиш, ќе ти дадеме сè „спремно за работа“.
Апсолутно. Повеќето итни правни услуги се пребаруваат преку мобилен, па затоа секоја изработка на веб страна кај нас е „mobile-first“. Сајтот ќе се вчитава инстантно и ќе биде лесен за навигација на секој уред.
Имплементираме стратешки поставени копчиња за директен повик, Viber интеграција и едноставни контакт форми. Целта е да го максимизираме бројот на нови случаи преку брза и лесна комуникација.