Бараш нова професионална веб страница?
Контактирај не сега
Достапни Веднаш
2 Слободни места за месецов

Изработка на Веб Страни Што Генерираат Клиенти, Не Само Посети.

Професионален веб дизајн, SEO, и стратегија за раст – прилагодено за бизниси кои сакаат резултати.

Thank you! Your submission has been received!
Oops! Something went wrong while submitting the form.
Дали знаевте?

Голем дел од бизнисите во Македонија сè уште немаат веб страна или не се задоволни од постоечката.

Луѓето денес пребаруваат на Google пред да се јават, резервираат или побараат понуда. Ако веб страната е застарена, бавна или тешка за користење, посетителите многу лесно продолжуваат понатаму.

Не поседуваш веб страница?

“Ќе направам еден ден...” веќе е скапа одлука. Секој ден губиш потенцијални клиенти што те бараат, но не наоѓаат ништо. Сакаш ли да бидеш првиот избор, или уште еден што никој не го пронашол?

Имаш стар или лош вебсајт?

Лош прв впечаток значи изгубен клиент. Страницата ти изгледа како од 2011? Споро се вчитува? Не е мобилно прилагодена? Тоа за посетителите значи „непрофесионално“ и „нејасно“. Не им оставај причина да изберат некој друг.

Во голема загуба си ако...

Мислиш дека „немаш време/пари“, но ти губиш уште повеќе. Еден нов клиент преку веб-страницата често значи повеќе од целата инвестиција. А добриот сајт продолжува да носи нови клиенти...

Рецензии на претходни клиенти

Прочитај што зборуваат нашите клиенти за нас

Нашите клиенти не зборуваат за “убав дизајн” — туку за зголемен промет, доверба и раст.

Владо од Parketarskopje.com

"Стефан од Девора ми ја направи веб страната за одлична и прифатлива цена, во рок од 10 дена ми достави веб страна со преку 10 подстраници. Искрено, секоја препорака за дечките од Девора, искрено после страницата отприлика за дупло повеќе добивам клиенти. Се мислев некое време за нив, и на крајот воопшто не се покајав."

⭐ ⭐ ⭐ ⭐ ⭐
2x
Зголемен Профит
80%
Поголем Ранк
parketarskopje.com
Изработена веб страна за Паркетар. Веб дизајн, веб девелопмент (изработка на веб страна) и SEO Оптимизација

Зоки од transmac-doo.com

"Сакам да му се заблагодарам на Стефан и Девора за нашата веб-страница. Веб-страницата е многу модерна, професионална и конкурентна. Искрено го препорачувам на сите. Продолжи да го даваш најдоброто од себе Стефан!"

⭐ ⭐ ⭐ ⭐ ⭐
3x
Зголемена Видливост
60%
Подобар СЕО
transmac-doo.com
Како може да ти помогнеме?

Комплетни Услуги за Секакви Веб Страници

Од идеја до резултати. Нудиме дизајн, развој, оптимизација и одржување што ќе го претворат твојот веб-сајт во алатка што носи клиенти, не само посети.

Зошто баш ние?

Зошто токму Devora за вашиот бизнис?

Не ти треба само веб страна, ти треба нешто што ќе работи за тебе 24/7. Еве зошто нè избираат нас:

Закажи бесплатен повик

Дизајн што продава

Секоја страница ја градиме со цел да ја пренесе пораката, да го убеди посетителот и да те донесе до нов клиент. Не се губиме во креативни трикови што не носат резултати – туку во она што носи раст.

Фокус на раст

Секој елемент е стратешки поставен за да води до повеќе повици, пораки и продажби. Дизајнираме за резултати, не само за изглед.

Брза израбока на веб страницата

Нема чекање со месеци како што е познато. Работиме брзо, структурирано и транспарентно. Ќе добиеш прогрес на секој неколку дена, а целосниот проект за максимум 2 недели.

SEO од самиот старт

Сајтот не само што ќе изгледа добро, туку ќе биде и лесно пронајдлив на Google. Од структурата, до текстот и техниките во кодот – SEO е вграден од првиот ден.

Грижа за вашата страница

Ако не сакаш да се замараш со хостинг, домени или SSL, ние ќе се погрижиме. Имаме систем за одржување кој ти штеди време и главоболки, со максимална безбедност.

Целосна сопственост

Работиме како да сме дел од твојот тим. Ќе ти го предадеме целиот проект без никакви заклучени системи. Твојот бизнис, твојот вебсајт – засекогаш.

Изработена веб страна за Паркетар. Веб дизајн, веб девелопмент (изработка на веб страна) и SEO Оптимизација
Изработена веб страна за Паркетар. Веб дизајн, веб девелопмент (изработка на веб страна) и SEO Оптимизација
Цени за изработка на веб страница

Цени прилагодени за успех на твоите Бизнис цели

Избери го пакетот што одговара на твојот бизнис и стартувај веднаш.

Basic
10,000/ Денари
Сè што ти треба за солиден старт: модерен дизајн, мобилна верзија и SEO.
Што сè е вклучено:
Изработка на една страница (1 Page)
Дизајн прилагоден за тебе (Web Design)
Мобилна верзија (responsive дизајн)
Основна SEO оптимизација
Контакт форма за директни пораки од клиенти
Бесплатни Консултации (15мин)
Standard
28,500/ Денари
Повеќе страници, подобрен SEO, формулари, блог, и поддршка кога ти треба.
Што сè е вклучено:
Изработка до 5 под-страници (на пример: Почетна, За нас, Услуги, Контакт, Оцени...)
Модерен, уникатен и професионален дизајн (Web Design)
Мобилна верзија (responsive дизајн)
Подобренa SEO оптимизација (клучни зборови, мапа...)
Контакт форма и можност за интеграција на блог или дополнителни секции
Бесплатни Консултации (15мин)
Premium
59,000/ Денари
Прилагодени решенија, напредна стратегија, оптимизација и континуирана поддршка.
Што сè е вклучено:
Изработка на до 15 страници (вкл. блог, услуги, портфолио и повеќе)
Целосно прилагоден дизајн според бренд и цели
Напредна SEO оптимизација
Брза веб-страница, мобилна и оптимизирана за Google
Контакт форма + дополнителни интеграции (како календар, мапа, итн.)
Бесплатни Консултации (15мин)
Блог

Корисни статии за Web Страни и Маркетинг

Совети, идеи и корисни информации за web страни, подобар впечаток за бизниси во Македонија.

Види Ги Сите Статии
Често прашувани прашања

Прашања кои често ги добиваме - накратко

Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.

Колку чини изработка на веб страна и што е вклучено во цената?

Цената на веб страната зависи од повеќе фактори, дали ти треба едноставна презентациска страна или нешто посложено со функционалности како контакт форми, блог или нешто друго. Во секој проект вклучуваме основен дизајн, оптимизација (SEO), и адаптација за мобилни уреди. Цените започнуваат од 10,000 МКД, но секогаш даваме индивидуална понуда според потребите.

Колку време е потребно за изработка на веб страна?

Во просек, изработката трае од 3 до 14 дена, но тоа зависи од големината на страната и брзината на комуникацијата. Ако се работи за посложен проект или ако се вклучени повеќе фази (како копирајтинг, SEO истражување, интеграции), може да потрае и малку повеќе. Секогаш те известуваме за прогресот.

Дали веб страната ќе биде оптимизирана за Google?

Да! Секоја страна што ја правиме доаѓа со основен SEO (оптимизација за пребарувачи) – тоа вклучува техничка подготвеност, брзина, мобилна оптимизација, и оптимизирани наслови и описни тагови. Ако сакаш да бидеш во врвот на Google за „изработка на веб страна“ и слични клучни зборови, нудиме и дополнителна SEO услуга со клучни анализи и линк билдинг.

Што ако немам хостинг и домен?

Не мора да се грижиш за тоа. Ќе ти помогнеме да регистрираш домен по твој избор (на пример .mk или .com), и ќе поставиме хостинг кој е брз, сигурен и достапен. Дури и не мораш ништо сам да правиш, ќе ти дадеме сè „спремно за работа“.

Ќе можам ли сам да ја менувам страната подоцна?

Да! Нашите веб страни се изработени на системи кои овозможуваат лесно уредување бидејќи се изработени во Webflow. Ќе добиеш кратка обука или видео, и ќе можеш сам/а да менуваш текстови, фотографии, или дури и да додаваш нови секции ако сакаш.

Што се случува по изработката, дали добивам поддршка?

Да. Повеќето клиенти избираат месечен план за одржување на веб страната. Тоа вклучува: техничка поддршка, безбедносни ажурирања, брзи измени, и месечна проверка на SEO. Така, не мораш ти да се грижиш за ништо – само ни пишуваш и ние средуваме.

Следен (исправен) черок

Подготвен за веб страна
која навистина работи?

Пишете ни на Viber, Whatsapp, Email или јавете ни се на телефонскиот број: 078 330 355. Одговараме во рок од 2 часа во работните денови.
Закажи Бесплатен Повик