SEO (Search Engine Optimization) е збир на техники и стратегии кои помагаат една веб-страница подобро да се појавува на пребарувачи. Главната цел е да се зголеми бројот на посетители и заработката преку органски резултати.
SEO, или оптимизација за пребарувачи, е процесот преку кој вашата веб-страница се појавува на врвот на Google кога потенцијалните клиенти бараат производи или услуги како вашите.
Кога некој бара нешто што вие го нудите – сакате токму вие да се појавите први. SEO ви овозможува токму тоа: видливост пред вистинските луѓе, во вистинско време.
Тоа значи:
Повеќе релевантен сообраќај на вашата веб-страница
Зголемена доверба кај клиентите
И на крај – поголем број на повици, пораки и продажби
SEO не е магија, туку стратегија. Во Devora, работиме со јасни методи и мерливи резултати, за да ви помогнеме да доминирате во резултатите од пребарување и да изградите дигитален авторитет што трае.

Ако твојата веб-страница не е на првата страница во Google, секој ден губиш потенцијални клиенти, приходи и внимание.
Но, SEO не е само за рангирање. Се работи за тоа твојот бизнис да го најдат вистинските луѓе, во вистинско време. Кога некој бара услуга што ја нудиш, токму твојата веб-страница треба да биде првата што ќе ја видат.
Ако твојата веб-страница не е лесно пронајдлива преку пребарувачите, клиентите ќе бараат кај конкуренцијата.
SEO (оптимизација за пребарувачи) е процес што ја прави твојата веб-страница попријатна и поразбирлива за Google и за луѓето што бараат услуги како твоите.
Повеќе посетители кои навистина се заинтересирани за твојата понуда
Јасна и прецизна комуникација на твоите услуги
Долгорочна видливост без постојани трошоци за реклами

Ги проучуваме твојот бизнис, конкуренцијата и пазарот за да ја разбереме твојата позиција и можностите за раст. На основа на тоа креираме SEO стратегија прилагодена на твоите цели и таргет публика.
Ги унапредуваме техничките аспекти како брзина, безбедност и мобилна прилагодливост. Истовремено, создававме квалитетна и релевантна содржина која привлекува потенцијални клиенти и го подобрува рангирањето.
SEO е постојан процес. Следиме резултати, промени во алгоритмите и однесувањето на корисниците. Ги прилагодуваме стратегиите за да обезбедиме долгорочен раст на твојот бизнис.
Доколку сајтот е несреден и корисниците не можат лесно да пронајдат информации, тоа го зголемува бројот на напуштања и го намалува времето поминато на страницата. Добро организирана структура им помага и на пребарувачите полесно да го индексираат твојот сајт.
Мета описите и насловите се првиот контакт со твојата страница во пребарувачите. Ако не се правилно поставени или се недостасуваат, корисниците немаат доволно информации зошто да кликнат токму на твојата страница, што го намалува бројот на посетители.
Кога твојата веб-страница се отвора бавно, посетителите губат трпение и често ја напуштаат пред да ја видат содржината. Ова негативно влијае и на рангирањето во Google, бидејќи пребарувачот дава предност на брзи и ефективни сајтови.
Секој ден, повеќе од половина од интернет сообраќајот доаѓа од мобилни уреди. Ако твојот сајт не е оптимизиран за смартфони и таблети, корисниците ќе имаат проблеми со навигацијата, а Google може да го казни сајтот со пониско рангирање.
Содржина која не нуди вредност, е непотполна или не е релевантна за твојата публика, нема да го задржи вниманието на посетителите. Пребарувачите како Google придаваат големо значење на квалитетот на текстовите и честопати го наградуваат квалитетниот сајт со подобри позиции.
Правилната употреба на клучни зборови помага пребарувачите да ја разберат содржината на твојот сајт и да ја прикажат на вистинските корисници. Премногу или премалку клучни зборови, како и нивна неправилна распределба, може да предизвикаат слаб SEO ефект и намалена видливост.
Ова е увид во перформансите на веб-страницата на еден од нашите клиенти. Со помош на детална анализа и оптимизација, успеавме значително да ја зголемиме видливоста, бројот на кликови и просечната позиција на страниците во пребарувачот. Овие податоци ја потврдуваат важноста од континуирана SEO работа и следење на резултатите.
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
SEO не е нешто што се случува преку ноќ. Во зависност од конкуренцијата и состојбата на веб страната, првите подобрувања најчесто почнуваат да се гледаат по неколку недели или месеци.
Да. SEO оптимизацијата помага Google полесно да ја разбере веб страната и услугите што ги нудите за полесно да се појавувате на релевантни пребарувања.
SEO оптимизацијата може да вклучува: подобрување на структурата, брзина на веб страната, организација на содржината, клучни зборови, mobile оптимизација, технички подобрувања, SEO наслови и описи
Да. Голем дел од луѓето денес пребаруваат услуги локално преку Google, па SEO помага и помалите бизниси полесно да бидат пронајдени online.
Да. Не мора да се изработува нова веб страна. Во многу случаи можеме да ја подобриме постоечката структура и SEO состојба на страната што веќе ја имате.
Правиме анализа на тоа што реално пребаруваат луѓето на Google поврзано со вашите услуги и според тоа ја организираме содржината и структурата на веб страната.
Да. Бавните веб страни често создаваат лошо корисничко искуство, па брзината е важен дел од modern SEO оптимизацијата.