Секој проект овде е направен со цел: да донесе клиенти, доверба и резултати. Не само убав дизајн, туку веб што навстина продава.
Современ дизајн, кои е направен страшетки да привлекува поозбилни клиенти
Чист дизајн, брз и одличен SEO. Клиентот вели: „Од кога го пуштивме, телефон не престана да ѕвони.“
Покрај перфектниот дизајн, направивме и систем каде можат сами да објавуваат нови недвижнини
Топол дизајн, лесна резервација и мобилна верзија што се отвора за секунда.
Сериозен, јасен и професионален. Вебсајт што зборува пред клиентот да се јави.
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
Цената на веб страната зависи од повеќе фактори, дали ти треба едноставна презентациска страна или нешто посложено со функционалности како контакт форми, блог или нешто друго. Во секој проект вклучуваме основен дизајн, оптимизација (SEO), и адаптација за мобилни уреди. Цените започнуваат од 10,000 МКД, но секогаш даваме индивидуална понуда според потребите.
Во просек, изработката трае од 3 до 14 дена, но тоа зависи од големината на страната и брзината на комуникацијата. Ако се работи за посложен проект или ако се вклучени повеќе фази (како копирајтинг, SEO истражување, интеграции), може да потрае и малку повеќе. Секогаш те известуваме за прогресот.
Да! Секоја страна што ја правиме доаѓа со основен SEO (оптимизација за пребарувачи) – тоа вклучува техничка подготвеност, брзина, мобилна оптимизација, и оптимизирани наслови и описни тагови. Ако сакаш да бидеш во врвот на Google за „изработка на веб страна“ и слични клучни зборови, нудиме и дополнителна SEO услуга со клучни анализи и линк билдинг.
Не мора да се грижиш за тоа. Ќе ти помогнеме да регистрираш домен по твој избор (на пример .mk или .com), и ќе поставиме хостинг кој е брз, сигурен и достапен. Дури и не мораш ништо сам да правиш, ќе ти дадеме сè „спремно за работа“.
Да! Нашите веб страни се изработени на системи кои овозможуваат лесно уредување бидејќи се изработени во Webflow. Ќе добиеш кратка обука или видео, и ќе можеш сам/а да менуваш текстови, фотографии, или дури и да додаваш нови секции ако сакаш.
Да. Повеќето клиенти избираат месечен план за одржување на веб страната. Тоа вклучува: техничка поддршка, безбедносни ажурирања, брзи измени, и месечна проверка на SEO. Така, не мораш ти да се грижиш за ништо – само ни пишуваш и ние средуваме.