Сè почна без големи планови – само компјутер, интернет и страст кон добар дизајн. Работејќи и разгледувајќи бизниси од Македонија, брзо сфатив колку малку од нив навистина го користат интернетот (вебот) како што треба.
Наместо готови темплејти и половични решенија, започнав да нудам искрена услуга: веб-сајтови што изгледаат професионално, се брзи, достапни за сите уреди и носат клиенти. Денес, Devora не е само веб агенција – туку лична мисија да покажеме како изгледа добар веб присуство, без огромен буџет.
Во свет каде што секој вели „ние нудиме квалитет“, ние од Devora одиме со едноставно правило: 📌 веб страница што се вчитува брзо, изгледа модерно, работи на сите уреди (мобилни) и носи резултати.
Работиме директно со сопственици, без фалш маркетинг, без технички комплицирања.
Нашата цел не е само да направиме сајт – туку да создадеме присуство што ќе те разликува. Без клише. Без глумење агенција со сто вработени. Само искрен дизајн, оптимизација и посветеност.
Секој проект го гледаме како шанса да создадеме нешто ново. Без шаблони. Без досадни дизајни.
Не чекаш со месеци – брзо, чисто и квалитетно. Стартуваме веднаш, завршуваме навреме.
Секој сајт изгледа и функционира совршено на мобилен, таблет и десктоп – без никакви пречки.
Вградуваме оптимизација уште при изработка, за да бидеш видлив на Google од првиот ден.
Нема copy-paste. Секој дизајн е изграден околу твојата понуда, клиентела и цели.

Професионалец со страст за веб-дизајн, корисничко искуство и SEO, специјализиран за изработка на уникатни и перформансни сајтови преку Webflow.
Мојата цел е секој проект да го претворам во веб-страна која не само што привлекува внимание, туку и конвертира клиенти. Работам директно со бизниси за да обезбедам брзи, модерни и функционални решенија, без шаблони и без губење време.
Не сум само дизајнер што прави убави работи, секој елемент има цел. Секој пиксел, секоја боја, секое копче е поставено со причина – за да води кон резултат.
Од идеја до резултати. Нудиме дизајн, развој, оптимизација и одржување што ќе го претворат твојот веб-сајт во алатка што носи клиенти, не само посети.
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
Цената на веб страната зависи од повеќе фактори, дали ти треба едноставна презентациска страна или нешто посложено со функционалности како контакт форми, блог или нешто друго. Во секој проект вклучуваме основен дизајн, оптимизација (SEO), и адаптација за мобилни уреди. Цените започнуваат од 10,000 МКД, но секогаш даваме индивидуална понуда според потребите.
Во просек, изработката трае од 3 до 14 дена, но тоа зависи од големината на страната и брзината на комуникацијата. Ако се работи за посложен проект или ако се вклучени повеќе фази (како копирајтинг, SEO истражување, интеграции), може да потрае и малку повеќе. Секогаш те известуваме за прогресот.
Да! Секоја страна што ја правиме доаѓа со основен SEO (оптимизација за пребарувачи) – тоа вклучува техничка подготвеност, брзина, мобилна оптимизација, и оптимизирани наслови и описни тагови. Ако сакаш да бидеш во врвот на Google за „изработка на веб страна“ и слични клучни зборови, нудиме и дополнителна SEO услуга со клучни анализи и линк билдинг.
Не мора да се грижиш за тоа. Ќе ти помогнеме да регистрираш домен по твој избор (на пример .mk или .com), и ќе поставиме хостинг кој е брз, сигурен и достапен. Дури и не мораш ништо сам да правиш, ќе ти дадеме сè „спремно за работа“.
Да! Нашите веб страни се изработени на системи кои овозможуваат лесно уредување бидејќи се изработени во Webflow. Ќе добиеш кратка обука или видео, и ќе можеш сам/а да менуваш текстови, фотографии, или дури и да додаваш нови секции ако сакаш.
Да. Повеќето клиенти избираат месечен план за одржување на веб страната. Тоа вклучува: техничка поддршка, безбедносни ажурирања, брзи измени, и месечна проверка на SEO. Така, не мораш ти да се грижиш за ништо – само ни пишуваш и ние средуваме.