Повеќето веб-страници во Македонија изгледаат добро, но не прават ништо. Посетителот доаѓа, не наоѓа одговор брзо и заминува. Проблемот не е дизајнот. Проблемот е структурата. Професионална веб страна со модерен и привлечен дизајн, брза и лесна за користење на сите уреди, од мобилни телефони до компјутери. Вашата веб страна ќе биде оптимизирана за пребарувачи како Google, што ќе ви донесе повеќе посети и реални клиенти.
Ние правиме веб-страници со модерен дизајн кои се лесни за користење на мобилен и компјутер, се вчитуваат за секунди и се наоѓаат на Google кога некој бара ваша услуга. Без разлика дали ви треба презентациска страна, блог или е-продавница, секој проект го градиме од нула, според вашите цели.
По пуштањето не исчезнуваме. Добивате поддршка, документација и сигурност дека сè работи.

Не користиме WordPress темплејти или преполни системи кои го забавуваат вчитувањето. Работиме со moderna технологија која нуди чист код, брзо вчитување и лесно уредување, без да зависите од програмер за секоја ситница.
Резултатот: страна која Google ја препознава, посетителот ја отвора брзо и вие сами ја одржувате.
Секој пиксел е намерен. Правиме страни кои посетителот ги разбира за 3 секунди: кој сте, што нудите и зошто тој треба да ве избере. Ниту еден темплејт. Секој проект го правиме од нула, за да одговара со вашиот бизнис.
Убавата страна која никој не ја наоѓа е бескорисна. Го поставуваме техничкиот темел, брзина, структура, клучни зборови, за да се наоѓате на Google токму кога некој бара тоа што вие го нудите.
Вашиот изглед зборува пред да прочитаат и еден збор. Го дефинираме тој прв впечаток боите, типографијата...
Кога некој кликнува на ваша реклама или линк, каде завршува? Правиме целни страници со една јасна цел: посетителот да стане контакт. Брзи, директни, без дистракции.
По пуштањето, не зависите од нас за секоја ситница. Менувате текст, додавате слика, пишувате блог, сами, за неколку минути. Без технички познавања.
Не исчезнуваме на денот на лансирањето. Добивате документација, кратка обука и поддршка додека не сте сигурни дека сè работи самостојно.
Имаме голем број на завршени проекти во минатото, а се надеваме дека уште многу и ќе завршиме и во иднина
Чист дизајн, брз и одличен SEO. Клиентот вели: „Од кога го пуштивме, телефон не престана да ѕвони.“
Современ дизајн, кои е направен страшетки да привлекува поозбилни клиенти
Топол дизајн, лесна резервација и мобилна верзија што се отвора за секунда.
Покрај перфектниот дизајн, направивме и систем каде можат сами да објавуваат нови недвижнини
Од идеја до резултати – нудиме дизајн, развој, оптимизација и одржување што ќе го претворат твојот веб-сајт во алатка што носи клиенти, не само посети.
Дознај повеќе за Webflow и неговите предности бидејќи е NOCODE вебсајт builder!
Webflow работи на сигурни и брзи сервери, што значи твојата страна се вчитува за секунда. Иако е NO-CODE, тоа не значи ограничувања, токму спротивното. Современа технологија што нуди целосна слобода во дизајн и функционалност.
Ти и твојот тим можете самостојно да менувате текстови, слики, блогови и целосен контент – без да зависите од програмер. Сè е визуелно, едноставно и интуитивно.
Webflow нуди напреден CMS систем со кој можеш да креираш блог, каталог, проект-портфолио и уште многу. Идеално решение и за едноставни и за комплексни страници.
Секој проект го водиме со јасна структура, од првата идеја до финалната верзија. Без непотребно комплицирање, само четири чекори што носат до резултат што ќе те направи горд.
Разговараме за твоите цели, целна публика и конкуренција. Ќе ти предложиме најдобар пристап за твојот бизнис.
Ги дизајнирамe сите подстраници и резолуции во Figma, со фокус на корисничко искуство и визуелен дизајн кој успешно продава.
Го претворамe дизајнот во брз, оптимизиран и адаптивен вебсајт – без темплејти или слично, 100% изработено од нула.
Проверуваме се до најмал детал, и ја пуштаме твојата веб-страница во живо. Добиваш документација и поддршка за користење.
Се што ти треба да знаеш за да започнеш соработка со Devora.
Да. Секоја веб страна ја дизајнираме и структурираме според вашиот бизнис, услуги и начинот на кој сакате да изгледате online.
Да. Брзината е важен дел од секој проект затоа што бавните веб страни често ги нервираат посетителите и создаваат лошо искуство.
Да. Веб страните ги изработуваме mobile-first за да изгледаат clean и лесно за користење на телефон, таблет и компјутер.
Да. Добивате едноставен систем преку кој лесно можете сами да менувате текстови, слики, блогови и други информации без програмер.
Да. Можеме да помогнеме со структура, организација и пишување содржина за веб страната да изгледа појасно и попрофесионално.
Да. Секоја веб страна ја подготвуваме со SEO структура, брзо вчитување и правилна организација за полесно појавување на Google.
Да. Изработуваме веб страни за компании, ресторани, стоматолози, адвокати, агенции за недвижности и други бизниси низ цела Македонија.
Да. Доколку сакате, можеме да подготвиме бесплатен почетен дизајн за да добиете подобра слика како би изгледала вашата нова веб страна.