Google Business Profile, основата која многу ресторани ја немаат
Пред веб страна, пред реклами, пред социјални мрежи, постои Google Business Profile. Ова е бесплатниот профил на Google кој го прикажува вашиот ресторан на картата, ги прикажува работните часови, фотографиите, рецензиите и контакт информациите. Кога некој пребарува ресторан во вашиот град, профилите на Google Business се прикажуваат пред органските резултати.
Многу ресторани во Македонија или воопшто немаат верификуван профил, или имаат некомплетен профил со застарени информации. Ова е директна причина поради која не се појавуваат во пребарувањата.
Рецензиите се важни колку и вкусот на храната!
Статистиките покажуваат дека над 90% од луѓето читаат рецензии пред да избераат ресторан. Google рецензиите се прво нешто кое го гледаат кога ќе го откријат вашиот ресторан. Ресторан со 4.6 просечна оцена и 200 рецензии изгледа многу подоверливо од ресторан без ниедна рецензија.
Ова не значи дека треба да барате лажни рецензии, напротив. Треба да создадете навика да ги замолите задоволните гости да остават рецензија. Едноставен начин е QR код на масата или на сметката кој директно води до страницата за рецензии.
Веб страната и Google - поврзаноста која мора да постои
Google Business Profile и веб страната мора да бидат поврзани и конзистентни. Ова значи дека адресата, работното време и телефонскиот број мора да бидат исти на двете места. Ако Google гледа разлики, тоа влијае на тоа колку висoko го рангира вашиот ресторан во локалните пребарувања.
Веб страната, исто така, треба да содржи локални ключни зборови — не само „ресторан", туку „ресторан во Скопје", „македонска кујна Скопје Центар", „ресторан за свадби Скопје". Ова помага Google да разбере за кои пребарувања да го прикаже вашиот ресторан.
Фотографии: алатка која многу ресторани ја потценуваат
Ресторани со повеќе фотографии на Google профилот добиваат значително повеќе кликови и посети. Фотографиите треба да бидат квалитетни, да го прикажуваат ентериерот, екстериерот, јадењата и атмосферата. Ова не мора да биде скап фотографски сеанс, добро направени фотографии со телефон можат да бидат доволни.
Заклучок
Google е денешниот телефонски именик, само многу помоќен. Ресторанот кој го зазема своето место на Google со комплетен профил, добри рецензии и поврзана веб страна ги добива резервациите кои инаку одат кај конкуренцијата.
