Купувањето стан или куќа никогаш не е едноставна одлука. Тоа е една од најголемите финансиски инвестиции во животот на еден човек. Без разлика дали станува збор за млади луѓе кои бараат свои први станови во Скопје или за искусни инвеститори кои купуваат деловни простории, во позадина секогаш работи истата потреба, потребата за сигурност и заштита на сопствените пари.
Пред клиентот воопшто да го крене телефонот или да дојде во вашата канцеларија, тој веќе донел првична одлука за тоа дали вреди да ви го довери своето време. Тој прв филтер денес комплетно се случува на интернет.
Пазарот за недвижности во Македонија е голем и конкурентен, но реалноста е дека многу агенции сè уште користат страници кои изгледаат запуштено. Со тоа, тие несвесно испраќаат порака дека не посветуваат внимание на деталите во сопствената работа, што кај купувачот веднаш буди сомнеж.
Психологија на првиот впечаток: Зошто луѓето судат „по корицата“
Кога некој истражува недвижности на интернет, тој не гледа само фотографии од соби и квадратури. Тој бара деловен партнер во кој може да има целосна доверба. Човечкиот мозок е програмиран да носи брзи проценки за безбедноста на околината, а истото се случува и при пребарувањето на интернет.
Замислете ситуација каде еден купувач преку пребарувачот Google наоѓа две различни агенции кои нудат слични имоти во иста населба.
-
Првата агенција има веб страна каде фотографиите се со слаб квалитет, текстовите се тешки за читање, а информациите за локацијата или цената се нејасни или сокриени.
-
Втората агенција има чиста веб страна, каде сè е подредено соодветно, фотографиите се големи и јасни, а до информациите се стигнува лесно и без мака.
Иако првата агенција можеби има подобри агенти на терен или подолгогодишно искуство на пазарот, купувачот интуитивно ќе има поголема доверба во втората. Средената страница асоцира на ред, законска точност и професионализам. Лошо уредената страница, од друга страна, создава чувство на несигурност, купувачот се плаши дека ако агенцијата е несериозна со својот изглед, можеби ќе биде подеднакво несериозна и со имотните листови или со договорите за купопродажба.
Проблемот на застарената презентација на огласите
Помеѓу сопствениците на агенции долго време постоеше мислење дека е доволно само да се имаат активни огласи за недвижности на неколку јавни портали или на социјалните мрежи. Меѓутоа, кога се потпирате исклучиво на туѓи платформи или одржувате страница што изгледа како да е направена пред петнаесет години, вие ја намалувате вредноста на имотите што ги застапувате.
Убави станови, куќи и деловни објекти не можат да се претстават на место кое изгледа евтино и набрзина скрпено. Сериозните продавачи кои сакаат да ги доверат своите вредни имоти на некоја агенција за недвижности, брзо ќе ве одбијат доколку забележат дека не сте способни да ги прикажете тие објекти во вистинското светло.
Сопствената веб страна за недвижности е исто што и вашата физичка канцеларија. Ако инвестирате во уредување на просторот каде што ги пречекувате клиентите, каде што пиете кафе и разговарате, тогаш негрижата за изгледот на страницата е директен минус за вашиот углед.
Сакате прво да видите како би изгледала веб страната?
Доколку сакате, можеме да ви подготвиме бесплатен почетен дизајн без договори или обврски. Така ќе добиете реална слика како би изгледало вашето online присуство пред да започне целиот проект.
Како правилното уредување го менува статусот на агенцијата
Добрата веб страна не се сведува на тоа само да биде „модерна“, туку да биде функционална и да му го олесни животот на оној што ја посетува. Кога страницата е направена со план, таа ја менува перцепцијата за вашата фирма на неколку начини:
Јасност и прегледност
Кога секоја фотографија се отвара брзо, кога пребарувањето по филтри работи точно и кога буквите се пријатни за око, посетителот чувствува почит кон неговото време. Таа прецизност купувачот ја пресликува врз целото ваше работење. Тој си вели: „Штом олку прецизно ја уредиле својата страница, сигурно се исто толку одговорни и со документацијата за мојот иден дом.“
Едноставно користење преку мобилен телефон
Најголемиот дел од луѓето бараат куќи и станови преку својот мобилен телефон, додека се во движење или додека одмараат. Ако вашата веб страна не се прилагодува на мобилен екран, ако сликите се премали или ако треба со прстите да се зумира за да се прочита цената, клиентот едноставно ќе ја затвори страницата и ќе отиде кај конкуренцијата.
Разликата помеѓу просечните и успешните агенции
На пазарот има многу слични понуди и слични цени. Она што ги издвојува успешните фирми од оние што едвај опстануваат е начинот на кој влеваат сигурност кај луѓето.
Сериозноста не се докажува со тоа што на страницата ќе напишете дека сте „најдобри и најпрофесионални“. Таа се докажува преку искуството што му го нудите на клиентот уште при првиот контакт со вашиот бренд. Веб страницата е најсилното оружје за создавање на тој прв, пресуден впечаток.
