Бараш нова професионална веб страница?
Контактирај не сега

Како QR Код Менито го Смени Системот во Рестораните

Новата ера го смени целиот систем на работа на рестораните, прво софтвери, па онлајн букирање и сега работат со QR Кодови скроз дигитално...

QR код мени за ресторан во Македонија со modern online мени и дигитален систем за нарачки

Спремни сме да ви направиме нова веб страница

Доколку сте и вие спремни за нова промена, контактирајте не денес.

Закажи Бесплатен Повик

Времето во кое живееме бара брзина, едноставност и точни информации во секој момент. Угостителството во Македонија се менува со голема брзина, а со тоа се менуваат и навиките на гостите. Кога некој денес излегува во ресторан или кафуле, тој очекува услугата да биде мазна, без непотребни чекања и комплетно прилагодена на неговиот динамичен начин на живот.

Токму тука се појавува најголемата промена во последните години, воведувањето на QR код менијата. Она што на почетокот изгледаше како привремено решение, денес стана стандард за секој ресторан што сака да чекори во чекор со времето и да понуди современа услуга која му го олеснува престојот на гостинот.

Крај за застарените ценовници и постојаното печатење

Најголемата предност на паметното QR код мени е неговата флексибилност и фактот што не бара никакви дополнителни ажурирања и трошоци по неговото поставување.

Секој сопственик на ресторан знае колку е мачно и скапо одржувањето на класичните хартиени менија:

  • Секоја промена на цените значи повторно одење во печатница.

  • Кога некое јадење или вино веќе го нема на залиха, келнерите мора усно да се извинуваат и да објаснуваат.

  • Хартиените менија брзо се валкаат, се кинат и го губат својот убав изглед, што остава лош впечаток кај гостите.

Со дигиталното мени, овие проблеми исчезнуваат засекогаш. Доволно е само еднаш да се постави кодот на масата. Секоја промена на цените, додавање на нов сезонски десерт или тргање на јадење кое моментално не е достапно во кујната се прави во истата секунда, со неколку кликови на компјутер или телефон. Гостите секогаш пред себе имаат точни информации, без пречкртани цени или лепени ливчиња врз хартијата.

Брза услуга во моментот кога на гостинот му е најпотребно

Замислете ресторан за време на викенд или во шпицот на паузата за ручек кога сите брзаат. Најчестиот извор на фрустрација кај луѓето не е чекањето за храната да се зготви, туку чекањето на келнерот за воопшто да го донесе менито.

Паметниот код го решава ова во првата секунда. Штом посетителот ќе седне на масата, тој веќе има пристап до целата понуда преку својот мобилен телефон. Нема потреба да мавта со рацете, да го бара погледот на персоналот или да чека со минути додека сите на масата се наизменично со едно исто хартиено мени во рацете.

Секој гостин посебно, на својот екран, може на раат да ја разгледа понудата, што го прави целото искуство многу поопуштено.

Бесплатен дизајн

Сакате прво да видите како би изгледала веб страната?

Доколку сакате, можеме да ви подготвиме бесплатен почетен дизајн без договори или обврски. Така ќе добиете реална слика како би изгледало вашето online присуство пред да започне целиот проект.

Побарај Бесплатен Дизајн

Побогата презентација и подобар преглед на храната

Класичните менија често се ограничени со простор. Поради тоа, описите на јадењата се збиени, буквите се ситни, а фотографии од специјалитетите речиси и да нема.

Дигиталното мени на мобилен телефон го руши ова ограничување. Тоа нуди прегледно корисничко искуство каде секое јадење може да има своја посебна фотографија со висока резолуција, детален опис на состојките и јасни ознаки за алергени или вегетаријански опции.

Луѓето купуваат со очите. Кога гостинот ќе види сочна и убаво фотографирана слика од специјалитетот на својот екран, тој многу полесно и посигурно ќе донесе одлука што да нарача.

Современа естетска чистина на масата

Модерниот дизајн на ентериери налага минимализам и чисти линии. Големите, тешки и пластифицирани папки со менија често го натрупуваат просторот на масата, оставајќи помалку место за чашите, чиниите и приборот.

Елегантен приказ на QR код, кој може да биде дискретно изгравиран на дрво, стакло или на мал модерен држач, совршено се вклопува во секој софистициран амбиент. Тоа покажува дека рестораните размислуваат за хигиената и за комфорот на своите гости. Масата останува чиста, ослободена од непотребни предмети, а сепак комплетната понуда на кујната и барот е на дофат на рака.

Технологијата не го заменува човечкиот контакт, таа само ги трга техничките пречки. Келнерите повеќе не губат време како „носители на хартија“, туку можат вистински да се посветат на квалитетна комуникација, препораки и врвна услуга за гостите.