Бараш нова професионална веб страница?
Контактирај не сега

Зошто Агенциите За Недвижности Губат Клиенти Поради Лоша Веб Страна

Голем дел од луѓето денес бараат стан или куќа online. Ако веб страната изгледа застарено, бавно или хаотично, потенцијалните купувачи многу брзо продолжуваат на друга агенција.

агенција за недвижности со модерна веб страна и online огласи за станови во Македонија

Спремни сме да ви направиме нова веб страница

Доколку сте и вие спремни за нова промена, контактирајте не денес.

Закажи Бесплатен Повик

Кога некој бара недвижност, најчесто отвора повеќе различни агенции во исто време. Разгледува фотографии, споредува цени и се обидува што побрзо да најде нешто што му одговара. Во тој момент, луѓето не ја споредуваат само недвижноста. Ја споредуваат и самата агенција.

Ако веб страната изгледа старо, фотографиите се лошо организирани или пребарувањето е комплицирано, посетителот многу лесно добива впечаток дека агенцијата не е доволно сериозна или професионална.

Луѓето немаат трпение за ужасни веб страни

Кај недвижностите, пребарувањето треба да биде брзо и едноставно. Никој не сака да отвора десет различни страници само за да најде основни информации за станот.

Многу агенции во Македонија сè уште користат веб страни каде:

  • огласите се неорганизирани

  • фотографиите се премали

  • нема добро пребарување

  • мобилната верзијата е лоша

  • страната бавно се отвора

Проблемот е што денес луѓето многу брзо излегуваат од вакви страни. Ако за неколку секунди не можат лесно да најдат што бараат, продолжуваат на следната агенција.

Првиот впечаток денес се создава online

Во недвижностите, довербата игра огромна улога. Луѓето сакаат да имаат чувство дека работат со сериозна агенција што професионално ги претставува огласите.

Кога веб страната:

  • изгледа модерно

  • има професионална организација

  • користи добри фотографии

  • лесно се користи

тогаш целата агенција изгледа многу посериозно.

Од друга страна, застарениот изглед остава впечаток дека агенцијата не вложува доволно внимание во начинот на кој се претставува online.

Лошата mobile верзија одбива огромен број посетители

Поголем дел од луѓето денес разгледуваат недвижности преку телефон. Често пребаруваат станови додека се во движење, на работа или преку social media.

Ако веб страната:

  • кочи или е спора

  • текстот е премал/преголем

  • фотографиите не се вчитуваат добро

  • копчињата се тешки за користење и воочување

тогаш корисникот може и најверојатно многу брзо ќе ја затвори.

Затоа модерните веб страни денес се прават mobile-first (значи да е оптмизирана страницата за секој уред а најбитно за мобилен телефон). Контактот треба да биде видлив веднаш, а огласите да се отвораат брзо и лесно.

Google многу потешко рангира лошо организирани веб страни

Многу агенции имаат одлични недвижности, но проблемот е што Google тешко ги разбира нивните веб страни. И затоа ги мачи прашањето како некој со полоши станови продава повеќе од него.

Кога сите огласи се ставени без структура и без јасни категории, шансите страната да се појавува на пребарувања како:

  1. „стан во Охрид“

  2. „куќа во Водно“

  3. „издавање стан Куманово“

  4. „деловен простор Скопје Центар“

стануваат многу помали.

Добро организираната веб страна со SEO структура помага Google полесно да ги прикажува огласите пред луѓе што активно бараат недвижност.

Бесплатен дизајн

Сакате прво да видите како би изгледала веб страната?

Доколку сакате, можеме да ви подготвиме бесплатен почетен дизајн без договори или обврски. Така ќе добиете реална слика како би изгледало вашето online присуство пред да започне целиот проект.

Побарај Бесплатен Дизајн

Контактот мора да биде брз и едноставен

Голем дел од агенциите губат потенцијални клиенти затоа што контактот е комплициран.

Никој не сака кога пополнува форма за конслутација да остава

  • датум на раѓање

  • адреса

  • буџет

  • времетреање

  • матичен број... добро не до толку, но така некако

Треба да биде се едноставно, бидејќи тоа е само повик за разгледување и објаснување, не за продавање. Така да треба да виде пример:

  • име

  • број

  • мејл (може, но не мора)

  • порака

Лошите фотографии прават и добар стан да изгледа просечно

Кај недвижностите, фотографиите често се најважниот дел од огласот. Ако тие изгледаат лошо, темно или неуредно, посетителот многу брзо губи интерес.

Добрата веб страна треба да им даде простор на фотографиите да изгледаат чисто, професионално и organized без непотребен хаос.

Многу агенции не губат клиенти затоа што немаат добри недвижности. Ги губат затоа што online презентацијата изгледа слабо.

Заклучок

Денес веб страната е еден од најважните делови од начинот на кој една агенција за недвижности се претставува пред нови клиенти.

Лошата веб страна може директно да влијае на:

  • помалку упити

  • помалку повици

  • помалку разгледувања

  • помала доверба

Од друга страна, модерната и добро организирана веб страна помага агенцијата да изгледа многу попрофесионално, полесно да се појавува на Google и да добива поквалитетни online упити од луѓе што активно бараат недвижност.